Најдобрите македонски ракометари беа на прием кај американската амбасадорка (Фото)

На покана на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, најдобрите македонски ракометари придружувани од раководството на Ракометната федерација беа на прием.

Во рамки на посетата, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, и селекторот Кирил Лазаров ѝ подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското првенство 2025.

РФМ воедно упати голема благодарност за приемот и поддршката која ја добива од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

- Оглас -

Најнови вести