Најдобрите светски ракометни судии во овој свет, Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе дебитираат на ова Европско првенство.
Тие, за „загревање“ ќе судат на средбата меѓу домаќинот Словачка против Литваниија, меч кој ќе се игра во Кошице, во салата „Стил арена“, со почеток од 18:00 часот.
Јасно е дека овие двајца наши арбитри се меѓу највисоко ценетите во ракометот, па затоа тие ќе ја делат правдата на многу поважни и поинтересни натпревари, а се надеваме и дека ќе бидат и во големото финале.