Најдобрите тројца голмани во Серија А се Срби, а ниеден од нив не е во репрезентацијата

Во италијанската Серија А сезонава според бројот на одбрани и процентот на одбранети шутеви доминираат српски голмани, но ниту еден од тие тројца чувари на мрежа не е повикан во националниот тим за мартовските мечеви.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, за дуелите со Австрија за опстанок во елитната Лига на нации ги повика голманите Предраг Рајковиќ од Ал-Итихад, Ѓорѓе Петровиќ кој брани за Стразбур како позајмен од Челзи и Александар Јовановиќ од Партизан.

На списокот на популарниот Пикси од разни причини ги нема Вања Милинковиќ-Савиќ од Торино, Миле Свилар од Рома и интеристот Филип Станковиќ кој како позајмен брани за Венеција.

Вања има 77,3 отсто одбранети шутеви кон неговиот гол, Свилар има 77,2 отсто успешност и вкупно 85 одбрани, а синот на Дејан Станковиќ, Филип, има 77,1 проценти успешност и важи за најперспективен голман. Тој можеби и ќе беше на листата на српскиот национален тим, но повреден е и веројатно ќе треба да почека до јуни за деби во дресот на Орлите.

Милинковиќ-Савиќ не е повикан поради лична одлука на селекторот да не го викне, а Свилар веќе не сака да брани за Србија, но ФИФА не му дава да брани за Белгија бидејќи веќе има настапи за А тимот на нашиот северен сосед.

- Оглас -

Најнови вести