Најдобро за Лев е да продолжи како аналитичар на ТВ

Германија не се прослави со својот настап на Европското првенство, а поразот од Англија во осминафиналето значеше крај за Јоаким Лев на селекторската функција. Јоги по 15 години ги напушти Панцерите со освоена светска титула, а неговото место го наследува Ханси Флик, со кого Германците ќе гостуваат во Скопје на 11 октомври во квалификациите за СП 2022.

Првпат по една и пол деценија Лев е без ангажман, наводно планира да се врати во клупскиот фудбал, но доби совет од легендарниот тренер на Баерн Минхен да размисли за нова кариера. Трофејниот Отмар Хицфелд вели дека за Лев е најдобро да работи како аналитичар за некоја телевизија отколку да трпи нов стрес како тренер.

„Не знам дали е добар потег да се врати во клупскиот фудбал. На 61 година да трпи уште поголем стрес со 60 натпревари по сезона. Каде и да оди, било да е Шпанија или Англија, нема да му биде добар потег. Најдобро за него е да најде работа како аналитичар, за Јоаким тоа би била идеална позиција моментално“, истакна Хицфилд.

Лев последен пат на клупски план работеше во тимот на Австрија Виена во сезоната 2003/04, а како поголем успех му се смета куп-титула во Германија со Штутгарт во сезоната 1996/97.

- Оглас -

Најнови вести