Орландо го победи Мемфис со 118:111 во еден од најинтересните мечеви кои ноќеска се одиграа во НБА-лигата, а еден момент е посебно за одбележување. При нерешен резултат 107:107 на две и пол минути до крајот, Орландо освои една топка и тргна во контранапад.
Бекот Ентони Блек ја доби топката и силовито ја заби низ обрачот на противникот. Играчите на Мемфис се обидоа да го стигнат и да го блокираат Блек. Дури четворица кошаркари на Мемфис скокнаа во обид да го блокираат Блек, но тој успеа атрактивно да забие, а со тоа да го направи можеби најдоброто забивање сезонава во НБА-лигата.
DUNK OF THE YEAR?!!?! ANTHONY BLACK ON 4 GRIZZLIES 😳😳😳 pic.twitter.com/8QANj6pPUM
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 15, 2026

