12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Најдолгото гостување во историјата на ЛШ, поминаа 7.200 км и шест временски зони

Шампионот на Казахстан, екипата на Каират Алмати в четврток ќе дебитира во Лигата на шампионите, и тоа на гости кај Спортинг Лисабон. Пласманот во лигашкиот дел од ЛШ беше остварување на сонот за казахстанскиот тим, кој во првото коло со дебитантскиот настап испиша историја.

Екипата на Каират Алмати прелета 7.200 километри со авионот, и тоа преку шест временски зони, за да стигне до Лисабон. Никогаш претходно во 71-годишната историја на елитното натпреварување немало подолго патување од ова.

Шампионот на Казахстан го сруши досегашниот рекорд кој го држеа Бенфика и Астана од 2015 година. Тогаш овие два клуба мораа да пропатуваат по 6.164 километри во еден правец за да одиграат меч во ЛШ. Тогаш се играа дуели на домашен и на гостински терен со истиот ривал, додека сега Спортинг ќе се спаси и нема да мора да игра возвратен меч со Каират во Алмати.

Каират Алмати за четири гостувања во лигашкиот дел од Лигата на шампионите ќе мора да пропатува неверојатни 45.000 километри.

 

- Оглас -

Најнови вести