Легендарниот репрезентативец на Андора, Илдефонс Лима, и официјално ја заврши својата кариера. Тој за селекцијата на Андора играше од 1997 година, кога дебитираше на дуелот против Естонија (1-4). Тоа беше втор официјален натпревар за репрезентацијата на Андора, а Лима за овие 26 години настапи на 137 натпревари од вкупно 202, колку што има одиграно оваа мала земја на Пиринеите.
Илдефонс Лима одигра 23 минути на дуелот од квалификациите за пласман на Европското првенство против Швајцарија на гости, кој неговата репрезентација го загуби со 3-0. Тој во својата долга репрезентативна кариера има постигнато 11 голa, иако настапува во одбраната.
Од 2021 година и официјално е гинисов рекордер како најдолговечен репрезентативец во светот.