Најдоминантен фудбалски тим во светот се жените на Бенфика

Иако женскиот клуб беше формиран само пред неколку месеци, во септември женскиот тим на Бенфика прикажува невидена доминација во својата лига. Составот на Бенфика тргна од второ ниво на португалскиот клупски фудбал и за пет месеци ја растури конкуренцијата.

Последниот меч, Бенфика против Пего го доби со резултат 32-0, и тоа е нов рекорд во женскиот фудбал во Португалија бидејќи стариот беше 29-0.

На 14 меча сезонава, Бенфика има 14 победи, а 13 триумфи беа со двоцифрена разлика. Најдобро си помина тимот Б на Спортинг, кој прими само четири гола. „Орлите“ засега имаат неверојатна гол-разлика од 257:0. Во првото коло, Бенфика победи со 28-0 и тоа беше најава за тоа што следува и предупредување за противниците да знаат што ги чека.

Во сите натпреарувања, Бенфика има 16 победи по ред и гол-разлика 293:0, биланс кој е недостижен за кој било клуб во машка конкуренција каде и да игра.

- Оглас -

Најнови вести