Најдоминантната селекција во историјата на ЛОИ: Без пораз е неверојатни 32 години!

Женската кошаркарска репрезентација на САД беше последната која освои златен медал на ЛОИ во Париз. Финалето во женската кошарка беше последниот натпревар пред синоќа да се спушти завесата на најзначајниот спортски настан во светот.

Во финалето на женската кошарка, САД минимално со 67:66 го победија домаќинот Франција. Со овој триумф, Американките продолжија една неверојатна низа. Тоа беше 61-ва победа по ред на САД на ЛОИ, што е најголема низа во историјата.

Последен пат Американките загубија на Игрите во Барселона во 1992 година, и тоа на 5 август во полуфиналето од Комонвелт независните држави (земјите од поранешниот Советски сојуз без Балтичките држави).

На ЛОИ во Барселона, Американките го освоија бронзениот медал, а од тие Игри потоа почнува доминацијата, која уште трае и освојува златни медали во 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016, 2021 и 2024 година. Вкупно 61 победа по ред има репрезентацијата на САД на ЛОИ.

- Оглас -

Најнови вести