Најефикасниот фудбалер за 2024 година со хет-трик го збогати спектаклот со осум голови

Спортинг Лисабон со гол во 95-та минута се спаси од пораз на гостувањето кај Виторија Гимараеш, и малку фалеше на овој спектакл кој заврши 4-4, трите гола на Виктор Ѓокереш да не бидат доволни ни за бод за лисабонските Лавови.

Ѓокереш кој беше најефикасен светски фудбалер во 2024 година, во новата 2025 тргна во одличен голгетерски ритам, со хет-трик, но за малку ќе беше џабе. Тринкао со гол во 95-та минута му донесе бод на Спортинг.

Актуелниот португалски првак не знае за победа на гости откако си замина тренерот Рубен Аморим, а одиграа четири меча надвор.

- Оглас -

Најнови вести