26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Најефикасниот мора да го победи најнеефикасниот во Премиер лигата

1010 Манчестер сити – Вулверхемптон (15.00 часот)

Волците во претходните две кола освоија четири бода, но на ова гостување тешко дека ќе останат непоразени против тим кој последен пат го победиле со 2019 година. Вулверхемптон е надвор од зоната на испаѓање, но има само два бода повеќе од последнопласираниот Саутхемптон. Сити се бори за титула, а заостанувањето од пет бода во однос на лидерот Арсенал кој има и меч помалку, ги приморува Граѓаните да мислат само на победа. Сити е најефикасен тим во лигата со 50 погодоци, а Вулфс најнеефикасен со само 12.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.52)

 

1122 Арсенал – Манчестер јунајтед (17.30 часот)

Арсенал сезонава има само еден пораз во Премиер лигата, и тоа токму од Манчестер јунајтед, на гостувањето на „Олд Трафорд“ во септември. Ако вечерва повторно победи Јунајтед, ќе се заостри битката за титула, а триумф на Топчиите ќе ги задржи на пол-позиција во трката за титулата. Двата тима се во добра форма, а разликата меѓу нив е осум бода. Кај Арсенал, ќе го нема Габриел Жезус, а Јунајтед нема да смета на Касемиро.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

1809 Б. Менхенгладбах – Баер Леверкузен (17.30 часот)

Фармацевтите се во налет, имаат три победи по ред, па почнаа да фаќаат приклучок кон средината на табелата, додека фајтерскиот тим на Борусија има две победи и три порази во последните пет рунди, и редовно и дава и прима гол. Кај домашните повреден е Турам, а кај Баер истото важи за Чехот Шик. Во минатата сезона, тимот од Леверкузен ги доби двете пресметки против Менхенгладбах. Борусија дома не го победила Баер од 2018 година.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.81)

 

3007 Јувентус – Аталанта (20.45 часот)

Ова е тест за психолошката состојба на Јувентус после драконската казна и 15-те бода кои им беа одземени, по што се најдоа во ситуација да се мачат за излез во Европа, ако оваа казна остане до крајот на сезонава. После петардата од Наполи, Јуве мора да се вади против Аталанта која во минатото коло даде дури 8 гола. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели завршуваа со 0-2 гола, Богињата победи во Торино со 1-0. Јуве уште од март 2018 година не победил дома против Аталанта.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.14)

 

1310 Атлетик Б. – Реал Мадрид (21.00 часот)

Реал со пресврт се извлече против Вилјареал во Купот, и сега самодовербата им е зголемена пред традиционално тешкото гостување каде мадриѓаните се омразени и тоа не само од фудбалски причини. Билбао три кола не знае за победа, но ќе дадат максимум против тимот кој се бори за титула. Реал две недели нема играно лигашки меч, на последниот загуби, па нов пораз би бил проблематичен. Кај Реал ќе ги нема Алаба, Васкес, Карвахал, Чуамени, но без нив славеа и на гости против Вилјареал во Купот. Баскијците од 2015 немаат лигашка победа над Реал на свој терен.

Предлог тип: ГГ (1.66)

- Оглас -

Најнови вести