Најевтините дневни билети за женското ЕП во ракомет во Скопје ќе чинат 15 евра!

Ракометната федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека во тек е продажбата на билети за претстојното Women’s EHF EURO 2022 кое ќе се одржува во Скопје, Целје, Љубљана и Подгорица од 4 до 20 ноември годинава.

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс низ Македонија (физички продажби).

Детални информации може да се добијат на следниов линк: https://mktickets.mk/event/2022-ehf/

Онлајн продажбата се одвива преку интернет-страницата на Европската ракометна федерација, потпомогнато од www.eventim.de на следниов линк: https://tickets.eurohandball.com/women2022

Цената на дневните билетите за овој шампионат се движи од 927 до 3.090 денари.

- Оглас -

Најнови вести