Најфудбалски протест против Суперлигата во режија на Лидс: Реми вредно како победа против Ливерпул (видео)

Лидс и Ливерпул ремизираа при конечни 1-1 во мечот од 32-рото коло во Премиер лигата, на кој вниманието го привлекоа домаќините со протестот против новоформираната Суперлига.

Фудбалерите на Лидс пред натпреварот се загреваа со маички на кои беа испишани пораки како „Заслужи го пласманот во ЛШ“ и „Фудбалот е на навивачите“, па ова реми за нив е вредно како победа бидејќи им ги расипаа плановите на Црвените во обидот да се пласираат во засега најелитното клупско натпреварување доколку воопшто им биде одобрено до крајот на сезоната.

Како што стојат работите, 12-те клуба основачи на Суперлигата нема да имаат право за настап во Лигата на шампионите, а Ливерпул како една од екипите која се бори за пласман преку местата во Премиер лигата ќе нема право да настапи.

Голот на Садиот Мане од 30-тата минута го поништи Љоренте со израмнувачки погодок во финишот од средбата на „Еланд роуд“. Домаќините во меѓувреме пропуштија бројни шанси за целосен пресврт, со што ќе се испишеше вистинска фудбалска бајка каква што ѝ е потребна на фудбалот и малите клубови.

Ливерпул останува на шестото место со 53 бода, Лидс има седум помалку на 10-тото место на табелата во англискиот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести