Над 6,2 милиони гледачи во Италија на своите телевизори го вклучиле каналот ДАЗН за да ги гледаат преносите од мечевите од фудбалската Серија А и тоа е нов рекорд и најгледано коло во историјата.
Во десеттото коло, кое се играше викендов, имаше дербија Интер – Рома и Наполи – Милан, а и дуелот Лацио – Фиорентина има придонесено за рекордот.
Најгледан меч бил оној во Милано, каде што гостуваше Рома со Ромелу Лукаку во составот. Овој дуел го гледале 1,7 милиони луѓе, што е втор најгледан меч сезонава по Милан – Јувентус, кој се играше една недела претходно.
Натпреварот Наполи – Милан привлекол околу 1,6 милиони гледачи.