Најглупавиот потег на фудбалсите терени за овој викенд (Видео)

Екипата на Витебск го совлада Динамо Брест со 1:0 благодарение на голот од пенал на Николеску во 86 минута, во меч од 5. коло во првенството на Белорусија. Како се одвиваше мечот, делуваше дека на крајот нема да има погодоци, но за да не биде така, се погрижи гостинскиот играч Евген Качериди.

Се играше 85 минута кога Качериди без никаква потреба без топка го удри домашниот играч Диего со копачка во нога. Целата таа ситуација се случуваше во петерецот на гостите, а судиите ја забележа. Без двоумење, Качариди доби црвен картон, а домаќините „подарок“ пенал поради овој непромислен потег на искусниот играч.

Ударот од белата точка во погодок го претвори Николеску, што на крајот се покажа како доволно за триумф на домаќините.

Целата ситуација може да ја видите на 6:55 минути од видеото.

https://youtu.be/bFdA2yKFvkU

- Оглас -

Најнови вести