Најголем малер на ЛОИ: се повреди при прослава на победа и остана без битка за злато (Фото)

Ирскиот боксер Ејдан Волш, го заработи епитетот малер број 1 на ЛОИ во Токио. После победата над противник од Маурициус во четвртфиналето со што си обезбеди медал, Волш при прогласувањето на победникот високо скокна од радост, но при доскокот го свитка глуждот.

Повредата на скочниот зглоб беше прилично сериозна, и Волш мораше да се повлече од турнирот, и не настапи во полуфиналето, па ќе мора да се задоволи со бронзата која ја освојуваат поразените полуфиналисти, но можеше да атакува и на златото ако беше повнимателен при радоста.

- Оглас -

Најнови вести