Најголем пресврт во историјата на Австралија опен, губеа со 0:5 и 0:40 во третиот сет и успеаја да победат

Чешките тенисерки Миријам Колодзиејова и Маркета Вондрушова го направија најголемиот пресврт во историјата на Австралија опен откако во третиот одлучувачки сет имаа негатива од 0:5 во гемови и 0:40 против Бразилката Беатрис Хадад Маиа и Кинеската Шуаи Женг.

На крајот чешките тенисерки обезбедија пласман во осминафиналето славејќи со 2:1 во сетови (3:6,7:6,7:6).

Тие прво успеаја да се изборат за трет одлучувачки сет откако во вториот славеа во тај-брејкот со 11:9.

Во третиот сет беа на работ на бездната, губеа со 0:5 во гемови и имаа 0:40, но успеаја на неверојатен начин да се вратат во игра, прво спасија три меч топки, потоа уште една во истиот гем, а потоа тие го освоија гемот.

Во наредните два гема на сервис на противничките, Чешките тенисери направија брејк и се изборија за одлучувачки тај-брејк кој го добија со 14:12 и се пласираа во осминафиналето.

Следни противнички на Колодзиејова и Вондрушова ќе бидат Марта Костјук и Елена Габриела Русе.

- Оглас -

Најнови вести