Најголем пресврт во историјата на ракометот, прокоцкаа четири гола разлика на 90 секунди до крајот (Видео)

Неверојатен пресврт се случи на ракометен натпревар во Полска. Тим кој водеше со четири гола разлика на 1,30 минути до крајот на средбата, на крајот не успеа да победи.

Тарнов против Квиѕин поведе со 28-24 со гол на 1,40 минути до крај. Домашниот тим десет секунди подоцна ја ублажи негативата, а иако во последната минута влезе со минус од три гола, во последна секунда од пенал успеа да изедначи на 28-28.

Во Полска не може меч да заврши нерешено, мора да има победник, па се шутираа седмерци. Квиѕин победи со 33-31 и го комплетира сензационалниот пресврт.

Погледнете ја неверојатната завршница на мечот:

https://twitter.com/i/status/1464968326678032392

- Оглас -

Најнови вести