Најголема размена за ова лето во НБА лигата: Два Ол-стар играчи си ги променија клубовите

Помалку од еден месец останува до стартот на новата сезона во НБА лигата, а клубовите уште прават комбинации за тоа како би биле најсилни на теренот. Ноќеска во НБА се случи најатрактивната размена на играчи за ова лето, а ја направија екипите на Минесота и Њујорк.

Минесота во Њујорк го испрати Карл Ентони Таунс, а за возврат ќе ги добие Џулијус Рендл, Донате Дивинченцо и пик од првата рунда на драфтот. Ова е единствена размена на играчи ова лето во која има двајца Ол-стар играчи.

Таунс во Минесота беше од 2015 година кога беше избран како на драфтот. Четири пати овој играч бил дел од Ол-старот, а таму играше и минатата сезона, во која имаше просек од 21,8 поени и 8,3 скока по меч.

Минесота со овој трансфер реши да го прекине тандемот под кошевите, Таунс-Руди Гоберт и да донесат класична „четворка“. Рендл е трикратен Ол-стар играч, а минатата сезона одигра 46 меча во кои имаше просек од 24 поени и 9,2 скока и пет асистенции по меч. Одлично засилување за Волците треба да биде и Дивинченцо  кој минатата сезона во дресот на Њујорк имаше просек од 15,5 поени по натпревар со преку 40 отсто реализација на ударите за три поени.

- Оглас -

Најнови вести