Фудбалерот на Доминиканска република, Едисон Аскона направи еден од најглупавите потези во досегашниот дел од Олимписките игри. Аскона беше предводникот на својата селекција во дуелот против Шпанија, но пред крајот на првиот дел беше исклучен.
При резултат 1:1, Аскона непримерно со нога го удри противникот во меѓуножјето и сосема заслужено заработи црвен картон. По тој црвен картон, Доминиканска република не можеше да парира на Шпанија и на крајот Црвената фурија победи со 3:1.