Најголемата грешка на Интер, Јуве и Сампдорија, одбиле да го купат Марадона

Пјерпаоло Марино, човекот кој го донесе Диего Армандо Марадона во Наполи во 1984 година, откри дека Јувентус, Интер и Сампдорија ја одбиле можноста да го откупат Марадона од Барселона, а Наполи бил четврта опција и ја искористил шансата.

Наполи плати 10,4 милиони долари за Наполи, што во тоа време беше светски рекорд и најскап трансфер во историјата на фудбалот. На презентацијата на стадионот „Сан Паоло“ (од 2020 година стадионот се вика „Диего Марадона“) имаше 75.000 фанови на Наполи, а останатото е историја.

Марадона со Наполи освои две титули во Серија А, еднаш го освои Купот на УЕФА (денешната Лига на Европа), што во тоа време беа први трофеи во клупската историја.

„Во тоа време бев најмлад директор во Серија А и славев што Ливорно опстана во лигата. Постигнав договор со Барселона да одиграме пријателски меч за 100.000 долари, ако игра Марадона. На осум дена пред мечот, агентот на ФИФА, кој беше посредник, ме предупреди дека Барса ќе дојде, но без Марадона бидејќи имал некое недоразбирање со клубот. Ми понуди да се обидеме некој во Италија да го купи Диего. Единствени клубови кои можеа да си дозволат да го купат беа Јувентус, Интер и Сампдорија. Им се јавив на сите три клуба, но сите ме одбија. Бевме изненадени како е можно да не најдеме клуб кој сака да го земе Марадона“, раскажува Марино.

Тогаш Марадона имаше 23 години, а Наполи никогаш ја немаше освоено Серија А и клубот ја препозна шансата да го земе Аргентинецот и дека со продажба на дресови и сезонски билети ќе си ги поврати парите инвестирани во трансферот.

„Имав вечера со директорот на Наполи, Антонио Џулијано, и ми рече дека бараат странски играч. Му се јавив и му кажав за Марадона, прво ми рече не, а по 10 минути тој ми се јави. Следното утро организиравме состанок, падна договор, останатото е историја“, вели Марино.

Марадона одигра 257 меча за Наполи и имаше 115 гола и 76 асистенции. Неговиот лик стои на многу ѕидови низ градот Неапол, стадионот на Наполи го носи неговото име, а има и статуа во тунелот кој води до теренот.

- Оглас -

Најнови вести