Цели осум години Чиро Имобиле носеше радост за навивачите на Лацио, но дојде денот кога тој си замина од клубот. Напаѓачот кој остави неизбришан траг во Небесносините, во новата сезона ќе го носи дресот на Бешикташ.
Утрово Имобиле замина за Истанбул, а навивачите на Лацио едноставно воопшто не им беше сеедно што од клубот си заминува најдобриот стрелец во нивната историја. Имобиле одигра 340 меча за Лацио и постина дури 207 погодоци, но сега на 34 години реши да заигра во Турција. На испраќање кон Истанбул, еден навивач дури и заплаче.
https://twitter.com/i/status/1812018140529693038
Во речиси 20-годишната кареира, Имобиле има играно и за Јувентус, Сиена, Гросото, Пескара, Џенова, Торино Борусија Дортмунд, Севилја, а од 2016 година беше во Лацио. Искусниот голгетер има и 57 настапи за италијанската репрезентација, а постигна 17 голови.