Македонија ЃП помалку неочекувано загуби со 0-1 на првиот меч од РФС Рига на домашен терен, иако заслужи најмалку нерешено. “Лавовите“ денес се пред нов предизвик и ќе мора да бркаат победа на гостувањето во Латвија ако сакаат да ги продолжат настапите во Конференциската лига и да излезат на мегдат со Сабах Баку од Азербејџан во второто коло.
Сепак, екипата на РФС Рига е апсолутен фаворит на вториот натпревар и квотата за нивна победа е само 1.19, но затоа доколку одиграте патриотски и на победа на Македонија ЃП ќе добиете фантастична квота од 14.5, што воедно е и најголемата квота во целата понуда за победа на некоја екипа.
Против Македонија ЃП денес ќе биде и традицијата која вели дека тимот од скопската населба Ѓорче Петров нема победа на последните девет европски средби, а последен пат успеале да минат во следното коло во 2007-мата година кога го елиминираа кипарски Етникос Ахна во Интертото Купот. На овие девет натпревари Македонија ЃП постигнала само еден погодок, а примила дури 22.