Најголемата лудост на Ибра: држел соиграч за нозе додека тој висел од втор кат и вриштел!

Романската фудбалска легенда, Адријан Муту, раскажа една интересна случка од времето кога играше за Јувентус, а главен лик во вистинската приказна е Златан Ибрахимовиќ.

Пред едно гостување на Јуве во Австрија кај Рапид Виена во декември 2005 година, Ибра го кренал во раце соиграчот Мануеле Блази, и го извадил низ прозорец на вториот кат. Со тоа, сакал да му се одмазди за еден коментар за време на вечерата кога Ибрахимовиќ го удрил по глава Павел Недвед.

„Блази поминуваше низ ходникот, а Златан ми рече да ја држам вратата од соба отворена. Го грабна Блази, тој не можеше да мрдне, Ибрахимовиќ беше многу голем и силен. Го извади низ прозорец со главата надолу и го држеше само за нозете. Јас го држев Златан, а Блази вриштеше“ – раскажува Муту.

„Кога го врати во соба, Блази плачеше, и му рече на Златан дека не е добар со главата и дека не треба да прави такви шеги“ – додава Муту.

- Оглас -

Најнови вести