Новак Ѓоковиќ го освои првиот златен медал на Олимпијадите и конечно ја комплетираше низата од трофеи на сите натпреварувања што нешто значат во светот на тенисот.
Србинот имаше голема поддршка од трибините од Париз, а најдобриот транспарент го имаше неговата ќерка Тара. На транспарентот пишуваше: „Тато е најдобар“.