5.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Најголемата сензација на ЗОИ 2026 се случи во уметничко лизгање

Три децении чекање се собраа во неколку минути совршен настап. Земјата која настапува на Зимските олимписки игри уште од 1994 година конечно го дочека моментот за кој сонуваше – првиот олимписки медал во својата историја.

Јапонските лизгачи Рику Миура и Рјуичи Кихара го освоија златниот медал во конкуренција на спортски двојки на Зимските олимписки игри во Милано.

Двојните светски шампиони така стигнаа и до олимписко злато, прво за Јапонија во историјата на Игрите во дисциплината спортски двојки.

По разочарувачката кратка програма, по која беа петти, Миура и Кихара блеснаа во слободната програма на музика од филмот „Гладијатор“, во изведба на Андреа Бочели. Освоија 158,13 поени, највисок резултат во слободно лизгање во двојки досега доделен според системот на ИСУ.

На крајот славеа со вкупно 231,24 поени.

Среброто го освоија Анастасија Мелкина и Лука Берулава со 221,75 поени, додека бронзата им припадна на Германците Минерва Фабијане Хасе и Никита Володин, кои по кратката програма водеа, но на крајот завршија како третопласирани со 219,09 поени.

Грузија испиша историја во Милано и Кортина. Метелкина и Берулава ѝ го донесоа на својата земја првиот медал на Зимските олимписки игри.

Ова е историски момент за Грузија, која на ЗОИ настапува уште од Лилехамер 1994 година, но досега никогаш немаше освоено олимписко одличје.

Метелкина и Берулава ја воодушевија публиката и судиите со сигурен и елегантен настап, обезбедувајќи второ место зад фаворитите и медал што ќе се памети со генерации.

- Оглас -

Најнови вести