Најголемата желба на повеќето екипи кои играат денеска е да не испаднат од лигата

3010 Емполи – Сампдорија (20:45 ч.)

Емполи е во добра форма и има само еден пораз во последните пет кола, па ривал како Сампдорија, која е во зоната за испаѓање, сигурно е добра можност за освојување нови бодови.

Сампдорија е тимот со убедливо најслаб напад и досега постигна едвај осум гола, а прими дури 30, што во просек ја имаат и најслабата одбрана. Во една ваква ситуација, Емполи сигурно нема да дозволи да загуби на свој терен.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.71)

 

1308 Кадис – Елче (21 ч.)

Дуел на двете најслаби екипи во Шпанија. Елче е последен, а Кадис веднаш над него. Сепак, има разлика затоа што Кадис освои 15 бодови, а Елче има само четири бода и нема ниту една победа сезонава.

На последните четири меѓусебни дуели во Примера секогаш било интересно и со минумим два гола, што значи дека сепак нема да биде досуден дуел.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

1603 Ниор – Сент Етјен (20:45 ч.)

Некогашниот француски првак Сент Етјен ги живее најлошите моменти во историјата. Клубот кој порано доминираше во Франција, сега е на последното место во Втора лига само со 15 освоени бода од 18 меча.

Ниор не е многу подобар и има само 17 бода, што значи дека ова е дуел на екипи кои се надеваат дека нема да испаднат. Сега е шанса Сент Етјен да покаже малку инает од славната традиција и да победи.

Предлог тип: 2 (2.26) – Тип од Супер типот

 

1035 Порт Вејл – Питерборо (21 ч.)

Питерборо е екипа која игра отворен фудбал со многу дадени, но и примени погодоци. Во 24 меча имаат дадено 39, а примено 31 гол, што значи дека во просек има речиси по три погодоци на меч.

Во првиот дел од сезоната, Питерборо лесно со 3:0 го победи Порт Вејл, но сега се игра на терен на противникот, а таму ситуацијата може да е поинаква. На еден ваков дуел се очекува да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1586 Докса – Неа Саламис (18 ч.)

Само со 12 бода од 18 меча, Докса е на претпоследното место во првенството на Кипар. Овој тим има дури 12 порази, кој го има и најслабиот напад само со 10 постигнати погодоци. На свој терен Докса е очајна и има само една победа, едно реми и дури седум порази и само три дадени гола.

Неа Саламис на гости нема ниту едно нерешено на гости (четири победи и пет порази). На шест од последните осум средби на овие два клуба немало повеќе од два гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.09)

- Оглас -

Најнови вести