Жозе Мурињо ги разочара сите со своето однесување за време на дуелот на младите екипи на Рома и на Лацио.
Тој го следеше дуелот на римските екипи до 14 години и постојано дофрлуваше од трибините, а во тоа му се приклучија и некои од играчите од првиот тим кои чекаа да започне тренингот.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1631259718285942790?s=20
Во моментите кога беше досуден пенал за Лацио, Мурињо дофрлаше од трибините со цел да го оневозможи младиот фудбалер на Лацијалите да постигне гол. Но, неговиот испад не му помогна и Лацијалите успеаја да намалат на 2:1.
https://twitter.com/Iconic_Mourinho/status/1631281050658717696?s=20
Потоа Специјалниот ги советуваше младите играчи на Рома да ја задржуваат играта и да крадат време и тој потег не му се допадна на тренерот на Лацио, кој му дофрли на Португалецот дека не станал тренер на ваков начин.
Револтирани од постапките на Мурињо беа и родителите на младите фудбалери, кои не можеа да веруваат како се однесува Специјалниот.