Најголемиот фудбалски малер: Третата сезона по ред испаѓа од лига со различна екипа

Итан Ампаду е одбранбен фудбалер на репрезентацијата на Велс и официјално под договор со екипата на Челзи. Последните три сезони клубот од Лондон го испраќа на позајмици, кои на крајот завршуваат неславно, со испаѓање од лига.

Во сезоната 2020/2021 беше испратен во Шефилд јунајтед, а тие завршија последни на табелата во Премиер лигата и се преселија во понизок ранг.

Следната сезона следуваше позајмица во италијанската Серија А, во екипата на Венеција, која исто така заврши последна и испадна од лигата.

Оваа сезона повторно завршува со испаѓање за Ампаду бидејќи беше дел од Специја, која синоќа го загуби баражот со Верона и следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Сега Челзи треба добро да размисли дали да го врати во своите редови, но сигурно ќе размислат и екипите дали да го позајмат за следната сезона.

Итан Ампаду како талентиран фудбалер пристигна во Челзи во 2017-тата година од нисколигашот Ексетер сити за 2,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести