Најголемиот губитник во европскиот фудбал

Арсенал синоќа повторно ги разочара своите навивачи откако убедливо го загуби финалето во Лигата на Европа. „Топчиите“ имаа двоен мотив за да победат, бидејќи триумфот освен што ќе им го донесеше трофејот, туку ќе им донесеше и место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Сепак, по поразот, Арсенал веќе трета сезона по ред останува без место во елитната лига на УЕФА, а двапати беа на чекор од Лигата на шампионите. Во Премиер лигата, „топчиите“ завршија на петтото место и имаа само еден бод помалку од четвртопласираниот Тотенхем. Поради тој еден бод помалку, лондонскиот клуб не успеа да оди во ЛШ преку првенството, а синоќа ја пропушти шансата тоа да го направи како шампион во Лигата на Европа.

Во Арсенал веќе се навикнаа на разочарувања. Ова беше четврто европско финале во низа како го губат. Последен пат на трофеј во Европа се имаат израдувано во 1994 година, кога во Купот на куп-победниците, „топчиите“ со 1:0 ја победија Парма.

По тој триумф, следуваат низата разочарувања. Во Суперкупот на Европа во таа 1994 година беа поразени од Милан со 2:0. Веќе следната сезона, Арсенал загуби во финалето од Купот на куп-победниците од Сарагоса со 2:1. На следно финале се чекаше пет години. Во 2000 година, во финалето на Купот на УЕФА, Галатасарај го победи Арсенал со 4:1.

Следно е финалето во Лигата на шампиони во 2006 година против Барселона. Арсенал поведе со 1:0, но на крајот загуби со 3:1. Сега, 13 години по тој пораз, „топчиите“ во лондонскиот дуел со Челзи загубија со 4:1. Меѓу неуспесите на Арсенал, не треба да се заборави и поразот во финалето во 1980 година. Тогаш во Купот на куп-победниците Валенсија на пенали со 5:4 беше подобра од Арсенал.

Кога ќе се собере, во шест меча за европски трофеи, Арсенал има пет порази и само една победа против Парма во 1994 година.

 

- Оглас -

Најнови вести