Најголемиот киксер меѓу голманите добива шанса во најбогатиот клуб во светот

Лорис Кариус е голманот кој доби светска слава поради неговите грешки на еден од највредните мечеви во историјата на фудбалот. Германскиот голман беше на голот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, кога направи две големи грешки поради кои прими два погодоци и е најголем виновник што англискиот гигант го загуби тој дуел со 3:1.

По тој меч, Кариус веќе никогаш не бранеше за Ливерпул и замина од „Енфилд роуд“. Кариерата му тргна во надолна линија, но сега четири години по очајното издание во финалето од Лигата на шампиони, Кариумс добива шанса повторно да се докаже.

Според најавите од Англија, Њукасл е подготвен да потпише со Кариус и да биде резерва на Ник Поуп.

- Оглас -

Најнови вести