Познатиот рапер од Канада, популарниот Дрејк, е голем љубител на спортот, но исто така е познат и како најголем малер кога станува збор за обложувањето.
Rapper @Drake has placed $700k bet on the #Chiefs to beat the #Eagles in #SuperBowlLVII
Will Kansas City suffer the infamous "Drake Curse" too? pic.twitter.com/LPh8MzusZQ
— Dov Kleiman (@NFL_DovKleiman) February 9, 2023
Дрејк често се обложува на големите спортски настани и често промашува, а не ја пропушти можноста да се стави облог и на најважниот натпревар на годината во САД, финалето во НФЛ-лигата или популарниот Супербоул.
Самиот рапер призна дека ставил дури седум „психотични“ облози за речиси милион долари.
Дрејк се обложил на 700.000 долари дека Канзас сити чифс ќе ја победи Филаделфија иглс иако според квотите во обложувалниците, неговиот тим е аутсајдер. Квотата за триумф на Канзас сити вклучувајќи ги и продолженијата изнесува 2.11.
https://twitter.com/racingblogger/status/1623830873375227904?s=20&t=S9ABC73Qx0h8N31SuS-0bg
Дрејк се обложил дека квотербекот на Канзас сити, кој денеска беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната, ќе го има првиот тачдаун за својот тим и тоа со додавање до Смит-Шустер. Раперот за овој облог вложил 50.000 долари.
Исто така Дрејк се обложил по 30.000 долари дека Канзас сити ќе ја добие секоја четвртина, како и дека „тајт-енд“ играчот на Чифс, Тревис Келце, ќе биде прогласен за МВП на финалето. Во историјата на Супербоулот, досега ниту еден играч што настапува на оваа позиција не бил прогласен за МВП.
Доколку ги погоди овие облози, добивката на Дрејк ќе изнесува околу 4,5 милиони долари.
Минатиот месец Дрејк заработи милион долари со облогот дека Канзас сити ќе го победи Синсинати бенгалс во финалето на конференцијата.
Претходно, раперот беше во голем минус, прв загуби милион долари на финалниот натпревар на СП во Катар меѓу Аргентина и Франција. Тој се обложи дека Аргентинците ќе победат во регуларниот дел, но победникот беше одлучен по подобро изведување пенали.
Во ноември, Дрејк загуби два милиони долари на борбата за титулата во УФЦ меѓу Исраел Адесања и Алекс Переира. Тој се обложи дека Адесања ќе го задржи шампионскиот појас, но Бразилецот славеше со нокаут во петтата рунда.