Најголемиот ривал на Роналдо за титулата во С. Арабија ќе победи и ќе прекине една интересна низа

5261 Ал-Хилал – Ал-Фатах (18:30 ч.)

Ал-Хилал има само еден пораз во 16 меча во првенството на Саудиска Арабија, па иако има двоцифрено заостанување зад лидерот Ал-Наср, тимот е со реални шанси дури и за трка за титулата затоа што има три меча помалку.

Интересно е дека во последните пет дуели на овие два клуба, пет победи имале гостинскитее екипи, па Ал-Хилал сега сака да ја прекине оваа серија.

Предлог тип: 1-1 (1.92)

 

1957 Касимпаша – Анталијаспор (18 ч.)

Главен приоритет на двете екипи е обезбедување опстанок во турската елитна лига. Одбраната е послаб дел на двата тима, а интересно е дека традиционално кога се овие два клуба на теренот, во 13 од последните 14 дуели имало барем два погодока.

Касимпаша ќе атакува на триумф, но сигурно и Анталија нема предвреме да се предаде.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.04)

 

3020 Џенова – Козенца (20 ч.)

Некогашниот тим на Горан Пандев се бори да се врати во Серија А, а вечерва против себе го има клубот кој е последен во Серија Б. Козенца иако е на дното, има шанси да се спаси затоа што само пет бода е разликата од 15-тиот и 20-тиот тим на табелата.

Козенца во 13 меча на гостински терен сезонава освои само шест бода, па реално тешко е дека може да освои бодови на теренот на Џенова.

Предлог тип: 1&0-3 (1.95)

 

1278 Слајго роверс – Сент Патрик (20:45 ч.)

Во Ирска првенството започна пред неполн месец и по три кола, Слајго роверс и Сент Патрик имаат по една победа, пораз и реми. Сент Патрик во минатото коло претрпе дебакл со 5:0 од Дандалк, што само покажа голема слабост во дефанзивниот ред.

Слајго е тим кој сака да игра отворен фудбал и сигурно ќе сака да ги израдува своите фанови, но сигурно нема да биде лесно.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.59)

 

3620 Сасуоло – Кремонезе (18:30 ч.)

Кремонезе освои четири бода во последните две кола и овој тим веќе не е последен на табелата во Серија А. Сасуоло важи за екипа која може секого да победи, но и да претрпи неочекувани порази.

Со 43 примени гола во 24 кола, Кремонезе има очајна дефанзивна линија, а на гости сеознава нема ниедна победа во 12 дуели. На една ваква средба на која двете екипи ќе сакаат да освојат бодови, може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

- Оглас -

Најнови вести