Не е шега, Стивен Џерард игра за Бугарија и му предвидуваат светла иднина.
Млад фудбалер роден во февруари 2008 година, чие целосно име е Стивен Џерард Жан Ив Гаоте, настапува за Левски и за националниот тим на нашиот источен сосед. Таткото на Стивен е од Брегот на Слонова Коска, а мајка му е Бугарка.
Во младите категории на Левски, 15-годишниот Џерард Гаоте даде 38 гола на 35 меча, па доби повик да игра за У-17 селекцијата на Бугарија во квалификациите за ЕП и даде гол на средбата со Босна и Херцеговина.
Со својата брзина и конституција на тело потсетува на Килијан Мбапе и Ињаки Вилијамс.
https://twitter.com/i/status/1717169205458465050