Најголемиот талент од Јужна Америка ќе потпише за Реал Мадрид

Најголемиот талент од Јужна Америка, Аргентинецот Франко Мастантуоно, рекол „да“ за трансфер во Реал Мадрид, одбивајќи ја понудата од ПСЖ. Според аргентинските медиуми, Кралевите постигнале договор со Ривер Плејт вреден 40 милиони фунти.


Аргентинскиот тинејџер треба да потпише договор со Реал Мадрид до 2031 година.

Сега останува да биде решено дали ќе се приклучи на клубот пред или по Светското клупско првенство, а конечната одлука ќе ја донесе новиот тренер Чаби Алонсо.

Мастантуоно се смета за еден од најталентираните млади играчи во Јужна Америка и веќе го привлече вниманието на најголемите европски гиганти.


Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на обезбедување на најдобрите млади таленти, како што веќе направи со Винисиус, Родриго и Ендрик.

- Оглас -

Најнови вести