Најголемиот талент што го тренираше Сер Алекс Фергусон моли за трансфер во Чемпионшип лигата

Равел Морисон е љубимецот на Сер Алекс Фергусон, кој честопати изјавуваше дека не тренирал поголем талент од него, но кариерата не се одвиваше во посакуваната насока, па откако смени дури 11 клуба, сега е на стенд-бај во Хадерсфилд.

Членот на Чемпионшшип лигата се уште размислува дали да го регистрира Морисон, кој тренира со популарните Териери.

Морисон се врати на Островот по кусата епизаода од само четири месеци минати во холандскиот клуб Ден Хаг. Соработката беше прекината во јануари, а 28-годишниот играч за врска сега ја чека одлуката на раководството на Хадерсфилд.

Роден е во Манчестер и беше кадет во фудбалската Академија на Јунајтед, во генерацијата со Пол Погба и голем миленик на легендарниот тренер на Црвените ѓаволи, Алекс Фергусон.

Играше и за Вест хем, потоа и за уште неколку англиски клубови како пзоајмен играч, се обиде да направи пресврт во кариерата со преселба во Лацио, но кариерата му одеше само во надолна линија. Равел ги мина и сите мнладински категории како репрезентативец на Англија, а сега е на чекање кај членот на Чемпионшип, кој се бори за опстанок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести