Ракометната репрезентација на Бахреин е најнесреќната во екипните спортови, откако двата меча кои досега ги одигра, ги загуби, а можеа најмалку да останат непоразени. Откако во првото коло Бахреин загуби од Шведска со 32:31, денеска се поразени од Португалија со 26:25, во меч кој како да беше реприза од првото коло.
Против Шведска, Бахреин водеше во голем дел од мечот, но Шведска во финишот направи пресврт и стигна до еден гол предност. Бахреин во последниот напад се избори за пенал, но голманот на Викинзите Андрес Паличка одбрани и Бахреин загуби.
Денеска, Бахреин против Португалија не губеше ниту еднаш во второто полувреме, се до финишот. Бахреин имаше предност од 25:24, кога Португалците дадоа два гола и стигнаа до водство од 26:25. Во последниот напад Бахреин повторно се избори за пенал, но и овојпат промашија. Руи Силва биеше од линијата за седум метри и ја погоди стативата.
Денешни резултати на ракометниот турнир: Бразил – Франија 29:34, Аргентина – Германија 25:33, Египет – Данска 27:32, Шпанија – Норвешка 28:27, Бахреин – Португалија 25:26, Јапонија – Шведска 26:28.