Најголемите навивачки ривали се обединија за да го бојкотираат едно од најголемите дерби-дуели во светот (Видео)

Покрај одличната репрезентација која ја имаат, марокансиот фудбал во светски рамки е познат и по големото дерби на Казабланка. Екипите на Видад Казабланка и Раџа Казабланка го играат едно од најпознатите дерби дуели во Африка, а според многумина тоа влегува и во Топ 10 дерби дуели во светот и тоа најмногу поради атмосферата која ја создаваат фановите на двата клуба.

Вечерва се игра 156-тото дерби на казабланка, а многу веројатно е дека ќе биде без присуство на најверните фанови на двата клуба. Како што најавуваат мароканските медиуми, фановите на двата клуба се обединија и упатија заедничко соопштение, во кое повикуваат на бојкот на дербито.

Целта на овој бојкот е да се искаже незадоволство на работата на Фудбалската федерација на Мароко, затоа што навивачите сметаат дека политичарите премногу се мешаат во работата на фудбалот и поради тоа е нарушена регуларноста на натпреварувањето.

Јасно е и зошто се бесни фановите на двата клуба. Ниту Раџа, ниту Видад нема да бидат шампиони, затоа што трофејот ќе замине во градот Беркан кај екипата која го носи името на градот. Беркан е лидер на табелата со дури 15 бодови повеќе од ФАР Рабат, додека Видад кој е на четвртото место заостанува 17 бодови. Раџа Казабланка е дури на осмото место со неверојатни 23 бодови помалку од лидерот Беркан.

- Оглас -

Најнови вести