Суперѕвездите на НБА лигата, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, преку социјалните мрежи на духовит начин ги коментираа информациите дека саудиски Ал Хилал би платил 1 милијарда евра за да го донесе Килијан Мбапе и тоа за една сезона.
Ал Хилал наводно понудил 300 милиони отштета за ПСЖ и буквално неверојатни 700 милиони годишна плата за Мбапе кој за нив би играл една сезона.
„Ал Хилал, земете ме мене, личам на Мбапе“ – порача Гркот Адетокумбо.
Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, објави клип од филмот „Форест Гамп“ како главниот лик трча, а коментарот е: „Ова сум јас на пат за Саудиска Арабија ако тие им се јават на моите агенти за таков едногодишен договор“.