Рејмонд ван Барневелд го совлада Фил Тејлор со 7-6 во драматичен егзибициски натпревар во пикадо одигран вечерва. Двете легенди во овој спорт играа секој од дома. Холанѓанецот Барни губеше 3-6 во легови, со голем пресврт го надигра 14-кратниот светски првак познат под прекарот „Пауер“. Инаку и двајцата веќе не се активни играчи, но имаат голем број фанови.
Ова беше хуманитарен меч, а собраните 15.000 фунти ќе бидат дадени во борбата против Коронавирусот. Погледнете како изгледаше дуелот на двете пикадо-легенди: