Австралискиот тенисер Алекс де Минаур го направи најголемото изненадување досега на Ролан Гарос откако во осминафиналето по четири сета и пресврт го победи светскиот рекет број пет, Данил Медведев, со 4:6, 6:2, 6:1, 6:3.
Медведев направи брејк веќе во третиот гем од првиот сет и рутински го приведе сетот до крај. Малкумина очекуваа дека Австралиецот ќе успее да направи сензација, но токму тоа се случи.
Алекс Де Минаур ги одигра преостанатите три сета без грешка и го разнесе поранешниот број 1 на теренот во Париз. Медведев во преостанатите три сета освои вкупно шест гема.