Најголемо изненадување во историјата на Шкотскиот куп: Абердин и Миовски испаднаа од шестолигаш!

Дарвел, кој игра во шестата по ранг лига во Шкотска, синоќа ја приреди една од најголемите, ако не и најголема сензација во историјата на Купот, елиминирајќи го култниот Абердин.

Дарвел поведе во 19-тата минута, а се покажа дека тие 1-0 останаа до крај како конечен резултат. На фаворитот не му помогна ниту Бојан Миовски, кој играше цело второ полувреме.

Клубот Дарвел е од истоименото гратче со 4.000 жители. Постојат повеќе од 130 години, но клубот е аматерски, па радоста по историската победа беше огромна на стадионот кој собира 1.000 луѓе.

https://twitter.com/i/status/1617640406585335811

- Оглас -

Најнови вести