Најголемото англиско дерби е предизвик за прогнозерите во новото коло на Спортска прогноза

Денеска почнува типувањето за новото 14-то коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивен натпревар е најголемото дерби во Англија, дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Овие два тима се најтрофејни во Англија, но по заминувањето на сер Алекс Фергусон во пензија, Манчестер јунајтед не ги бележи резултатите кои ги очекуваат навивачите. Последната титула Црвените ѓаволи ја освоија токму под водство на Фергусон во 2013 година.

Од друга страна, од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, Црвените постојано се во борба за титулата, една освоија, а се подобри и во меѓусебните дуели со Манчестер јунајтед.

Најдобар доказ за тоа е натпреварот на „Енфилд“ од минатата сезона, на кој Ливерпул му го нанесе најтешкиот пораз на Манчестер јунајтед во историјата на Премиер лигата, победувајќи со 7:0.

Во сабота се играат пет меча, а колото започнува со дуелот од Серија А меѓу Лече и Фрозиноне.
Два меча се од Бундеслигата, и тоа Бохум – Унион Берлин и Дармштад – Волфсбург и по еден од Ла Лига (Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид) и Премиер лигата (Барнли – Евертон).

Во недела има уште осум натпревари, освен дербито Ливерпул – Манчестер јунајтед, ќе се игра уште еден дуел од Премиер лигата и тоа Вест хем – Вулверхамптон. Во останатите мечеви ќе играат Нант – Брест, Алмерија – Мајорка, Лориент – Стразбур, Мец – Монпелје, Тулуз – Рен и Болоња – Рома.

Тука се и двата резервни пара Лацио – Интер и Лил – ПСЖ.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести