Вардар и Пелистер се дел од Втората фудбалска лига на Македонија, но тоа не го оспорува фактот дека дуелите меѓу овие два ривали секогаш го претставувале најголемото фудбалско дерби кај нас. Вардар и Пелистер уште се брендови кои сега се борат да се вратат наславните патеки, но кога играат меѓусебе секогаш тој меч привлекува посебно внимание.
Денеска, Пелистер и Вардар ќе играат на стадионот во село Црно Буки близу Битола, во меморијален натпревар во чест на Трајан Кочишки Куља. Овој дуел ќе биде и добра контрола за двата тима во пресрет на стартот на Втора лига, каде сигурно целта на двете екипи е што побрзо да се вратат во елитното македонско фудбалско друштво.