Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс вечерва од 21 часот на „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе игра во финалето на Копа Либертадорес купот против Флуминенсе. Иако „Маракана“ е домашен стадион на Флуминенсе, Бока Јуниорс е како да е дома во Буенос Аирес. Тоа е така, затоа што во Рио де Жанеиро пристигнаа преку 100.000 навивачи на аргентинскиот гигант.
Инвазијата кон Рио де Жанеиро беше по копнен пат (со автобуси и автомобили), како и по воздушен пат преку чартер летовите и комерцијалните летови кон најпознатиот бразилски град.
Од овие преку 100.000 навивачи, се проценува дека само 23.000 имаат влезници за мечот и ќе бидат на „Маракана“, додека останатите се дојдени само за да направат атмосфера за историја.
https://twitter.com/i/status/1720702413739327525
Најразлични приказни има меѓу фановите кои се пристигнати во Рио де Жанеиро. Татко и син се радуваат што се дел од атмосферата на легендарната плажа Копакабана, а откриваат дека за да дојдат таму, морале да го продадат моторот и Плејстејшнот.
„Татко ми го продаде моторот, а јас Плејстејшнот, само за да дојдеме тука. Немаме ни влезници, но ова е Бока“, радосно кажуваше момчето.