21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Најголемото светско дерби е предизвик за прогнозерите во новото коло на Спортска прогноза

Денеска почнува типувањето за новото, осмо коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивен натпревар е најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое ќе се игра в сабота од 16.15 часот, а има уште две големи дербија во Англија и Италија.

Во сабота се играат осум натпревари, додека во недела пет, а колото започнува со дуелот од Ла Лига меѓу Алмерија и Лас Палмас.

Уште еден меч од Ла Лига е дел од саботната понуда, и тоа дуелот Мајорка – Хетафе. Возбудливи се очекува да бидат и дуелите меѓу Аугсбург и Волфсбург, меѓу Вердер и Унион Берлин, како и меѓу Сасуоло и Болоња и Лече – Торино.

Во недела има уште пет натпревари, од кои две се големи дербија во Серија А, односно Премиер лигата. В недела ќе се игра битката за Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, додека во Италија, Наполи го пречекува Милан.

Во Ла Лига, Рајо Ваљекано игра против Реал Сосиедад, додека во француската Лига 1 се играат два интереснни дуела меѓу Лил и Монако, како и меѓу Мец и Ле Авр.
Тука се и двата резервни пара: Кадис – Севиља, кој се игра в сабота, како и неделното дерби во Италија меѓу Интер и Рома.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести