Виктор Ѓокереш беше еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок, а на крајот тој го облече дресот на Арсенал. Тоа беше и желбата на самиот Ѓокереш.
Дебито во Премиер лигата Ѓокереш го имаше на легендарниот „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, но не се прослави. Арсенал славеше со 1:0, но Ѓокереш, имаше очаен настап.
Голгетерот одигра само 60 минути, а на крајот беше најлошо оценет фудбалер на теренот. Ѓокереш не упати ниту еден удар во рамките на голот на Манчестер, а имаше четири точни додаања од девет обиди. Имаше и еден неуспешен дриблинг, доби само два од седум директни дуели, а еден од шест воздушни дуели. Топката ја загуби дури 11 пати, а еднаш се најде во офсајд позиција.
Поради сите овие перформанси, Ѓокереш на крајот доби оценка 6.0 што е најслаба од сите 29 фудбалери кои се појавија на теренот на дербито на „Олд Трафорд“. Оваа оцена е една од најлошите за дебитант во историјата на Премиер лигата.
Швеѓанецот ќе има шанса да се корегира пред своите навивачи во Лондон, кога Арсенал во второто коло од англиското првенство ќе игра против Лидс.