Најголемото засилување на Јувентус си оди по одиграни само 350 минути

Бразилскиот фудбалер Даглас Луис пред само неколку месеци дојде во Јувентус и тоа за трансфер вреден 40 милиони евра од Астон вила. Даглас Луис беше најавуван како големо засилување, но сега по само 13 одиграни меча, односно вкупно 354 минути поминати на теренот, се најавува негово заминување од италијанскиот гигант.

Освен проблемите со повредите, Луис се мачеше и со адаптацијата во новиот клуб. Не му помогна ниту доаѓањето на неговата девојка Алиша Леман, која истотака од женскиот тим на Астон вила дојде во Јувентус.

Како што пишува Скај Спорт, два неименувани клуба од Англија работат на тоа да го доведат бразилецот како позајмен играч до крајот на сезоната. За разлика од оваа сезона во која Луис е непрепознатлив, минатата одигра дури 53 натпревари за Астон вила и беше еден од најдобрите играчи во екипата.

- Оглас -

Најнови вести