Најхрабриот пенал изведен за прв и последен пат точно пред 30 години (видео)

Рикардо Пациоко и неговата „рабона“ од пенал ја паметат само тврдокорните фудбалски фанатици. Точно пред 30 години на овој ден, италијанскиот фудбалер на Реџина постигна велемајсторски погодок од белата точка против Трестина, потег кој од тогаш не е виден на фудбалските терени.

Честопати фудбалските ѕвезди се обидуваат на што поатрактивен начин да ја затресат мрежата од пенал, меѓутоа Пациоко буквално ги запрепасти присутните на тој меч, а и оние кои го следеа дуелот преку малите екрани. Пациоко при резултат од 1-1 изведе магија, а тој гол воедно ја донесе победата за Реџина.

 

- Оглас -

Најнови вести