Најиграниот меч во историјата на обложувањето бележи неверојатни цифри!

Викендот кој доаѓа ќе биде историски затоа што ќе се одигра еден меч што ќе се памти. Се работи за Супербуол-натпреварот кој треба да го даде првакот во американската НФЛ. Филаделфија иглс и Канзас сити чифс ќе бидат дел од мечот за кој се најавува дека ќе биде најиграниот меч во историјата на обложувалниците.

Во САД веќе има иницијатива денот кога се игра Супербоулот да биде прогласен за државен празник затоа што тоа е убедливо најгледаниот спортски настан, а и рекламата додека трае средбата, е најскапа во историјата.

Според направените истражувања во САД, на овој Супербуол ќе бидат вложени повеќе од 16 милијарди долари, а се очекува барем по еден тикет да уплатат неверојатни 50 милиони луѓе.

Оваа бројка е за 61 отсто поголема од тоа што било уплатено минатата година, а неверојатен е фактот дека дури 20 отсто од Американците (секој петти) планираат да се обложат на овој меч. Олеснителна работа е тоа што во сè повеќе сојузни држави во САД се легализира обложувањето, па тоа е многу подостапно за обичниот народ.

Додека трае мечот, доколку некој сака да се рекламира, и тоа само 30 секунди, ќе мора да издвои неверојатни седум милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести